ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два града
Земјотрес утрово ја стресе Македонија. Земјотресот го почувствувале жителите на Валандово и Струмица, како и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во 04 часот и 13 минути Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валадово, на 125 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.
Пред два дена земјотрес со јачина од 2.3 степени го стресе Охрид.
Слично
