Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес регистриран во Албанија стресе три македонски града

Земјотрес регистриран во Албанија стресе три македонски града

Земјотрес со јачина од 4,3 степени вечерва е регистриран во подрачјето на Елбасан, Албанија. Истиот го почувствувале и жителите на Дебар, Струга и Охрид. 

Според извештаите, потресот е регистриран во 20:06 часот на длабочина од 13 километри.  Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан.  Засега нема информации за причинета материјална штета.

Во Македонија земјотрес имаше и на 10 февруари со јачина од 4.8 степени.

Слично

Поврзани вести