Земјотрес пред малку го затресе и Скопје
Пред малку главниот град беше затресен од краток земјотрес кој се почуствува во 13.18 часот.
Според Европската сеизмолошка опсерваторија земјотресот бил со магнитуда од 5,0 степени по Рихтер на длабочина од 2 км.
Епицентарот бил на 12 км од Охрид и 5 км од Косел а се почуствувал и во Тирана.

Во Скопје биле измерени 3,7 степени по Рихтер од овој земјотрес.
Во последните неколку дена Охридскиот регион постојано се тресе а денешниот земјотрес очигледно беше еден од посилните.Ноќеска Охриѓани ги разбуди земјотрес во 3.54 часот со магнитуда од 3,7 степени.
Слично
