Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес од Грција ја стресе и Македонија

Земјотрес од Грција ја стресе и Македонија

Земјотрес имаше вечерва во југоисточните делови на државата, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на територијата на Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје, со локална магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала.

Интензитетот на потресот во нашата земја изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Утрово слаб земјотрес имаше и во Скопје. 

Слично

Поврзани вести