Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес ја стресе Битола

Земјотрес ја стресе Битола

Земјотрес кој денеска се случи во Грција ја стресе и Битола. 

Потрес со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала предмалку е регистриран во соседна Грција, а истиот го почувствувале и во јужните делови на Македонија, особено во пограничните региони.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил лоциран на неколку километри од македонско-грчката граница, во близина на регионот на Лерин (Флорина), на длабочина од околу 10 километри.

Телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје го регистрираше потресот. Според првичните информации, земјотресот е почувствуван од граѓаните во:

Битола и околината (со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала – ЕМС-98)

Гевгелија и Валандово (со интензитет од III-IV степени)

Охрид, Струга и Ресен (со интензитет од III степени)

Граѓаните од Битола јавуваат дека потресот траел неколку секунди и предизвикал вознемиреност, особено кај жителите на повисоките катови во станбените згради.

Слично

Поврзани вести