Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес ја стресе Битола

Земјотрес ја стресе Битола

Се стресе Битола. Попладнево во 18 часот и 18 минути имаше земјотрес со епицентар во близина на градот Битола.

Станува збор за земјотрес со јачина од 2,6 степени по Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 13.09.2023 година во 18 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 115 km јужно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин, со Рихтерова локална магнитуда ML2.6. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Слично

Поврзани вести