Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес имаше во Бугарија, се стресе и Македонија

Земјотрес имаше во Бугарија, се стресе и Македонија

Земјотрес денеска имаше во соседна Бугарија, а го почувствувале и во источниот дел на Македонија. Станува збор за потрес од 3.6 степени. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-научниот факултет во Скопје објави дека земјотресот во земјава е регистриран во 15:48 часот и е почувствуван во Делчево, Виница и околината.

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на потресот се случил на 16 километри југозападно од Благоевград, на длабочина од 5 километри.

Слично

Поврзани вести