Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес го здрма Скопје

Земјотрес го здрма Скопје

Земјотрес попладнево го здрма главниот град. 

Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје велат дека се работи за земјотрес кој е со епицентар во соседна Албанија, но е почуствуван и во Македонија. Детали за јачината ќе се знаат подоцна. 

Потресот ги вознемири граѓаните. Европски Медитерански сеизмолошки центар објави дека во Албанија имало потрес од 5 степени, на 55 км од Тирана и на длабочина од 10 км. Тој се случил пред повеќе од 15 минути. 

Во текот на денот повеќе потреси имаше во Грција и соседна Србија, а земјотресот беше почувствуван и во Косово. 

Слично

Поврзани вести