Земјотрес го стресе охридско-преспанскиот регион
Земјотрес со јачина од 2.9 степени по Рихтерова скала e почувствуван синоќа во 22.34 часот во охридско-преспанскиот регион.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 2 километри, односно на 3 километри од Ресен, и 1 километар од Јанковец.
Потресот го почувствуваа жителите на охридско-преспанскиот регион, каде во изминатиов месец имаше над 1400 потреси.
Повеќе потреси вчера имало и во соседна Грција.
Слично
