Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Се стресе Источна Македонија. 

Земјотрес е регистриран во пехчевското епицентрално подрачје. 

Станува збор за потрес од 3 степени  кој попладнево е почувствуван во Малешевијата.

Земјотресот чиј епицентар се наоѓа 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје регистрирала денеска во 16 часот и 44 минути телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Слично

Поврзани вести