Земјотрес е регистриран близу македонско-грчката граница
Земјотрес денеска е почувствуван во југо-западна Македонија.
Дека тлото се тресе почувствувале битолчани, ресенчани и охриѓани. Потресот бил со епицентар во Грција. Како што објави ЕМСЦ, јачината е 3,5 степени по Рихтер, во близина на македонско-грчката граница. Епицентарот е на длабочина од 2 километри. Минатата недела имаше повеќе земјотреси во Македонија, во западниот дел.
Слично
