Земјоделец од струмичко направи селфи со мечка - во потрага по храна се почесто се симнуваат во селата
Фотографија на која сопственик на нива направил селфи со мечка во струмичкото село Долно Липовиќ ги вознемири жителите на селото и околината.
„На нивата на Виктор Стојанов од село Долно Липовиќ денес му дојде неочекуван гостин. Тој имаше блиска средба и ја фотографираше мечката која се движи во близина на селата во струмичко-радовишкиот регион“, стои во објавата на фан-страницата „Струмичко“, пренесува Женски магазин...
По информацијата дека мечката се симнала и во пониските делови на селото, на социјалните мрежи беше споделено и важно предупредување до жителите.
„Мечката се движи на потегот меѓу селата Рич и Липовиќ. Ловочуварите се на терен за да ја следат ситуацијата и да ја осигураат безбедноста на населението, како и заштитата на самата мечка.
Повеќе на линкот....