Земјоделците со барање за гарантирана минимална цена на пченицата
Земјоделците бараат од новото раководство на МЗСШВ минимална заштитна цена на пченицата од 12 денари за килограм, интеревентен откуп да има од почетокот на јули, договорите меѓу земјоделците и откупувачите да се склучуваат пред жетва а субвенциите да се исплаќаат пред есенската седиба. .
Од Федерацијата на фармери на Република Македонија посочуваат дека поради климатските промени производството на пченица изминативе години се намалува. Барањата ги испратили до стопанските комори и до министерството за земјоделство. Од ресорното министерство велат дека до нив стигнале барања за средби од повеќе земјоделски здруженија, и сите оваа или следната недела ќе бидат повикани на средба во министерството.
Слично
