Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците се мобилизираат, субвенции нема, можни се големи протести

Земјоделците се мобилизираат, субвенции нема, можни се големи протести

Земјоделците од повеќе региони низ Македонија се мобилизираат со цел да излезат во поголем број на улиците и да издејствуваат исплата на субвенциите преку блокада на патишта со целата механизација со која располагаат.

Денес во Скопје помала група на земјоделци побара средба со министерот за земјоделство Михаил Цветков и поставија рок од 24 часа да се најде начин да им бидат префрлени парите. Вчера Цветков го вмеша министерот за финансии Миноски како одговорен за исплатата на субвенции бидејќи се чека негово одобрување и наоѓање на законско решение бидејќи владата има техничка функција,

Земјоделците бараат средба и со директорот на Платежната агенција, Игор Златков, а ако не се случи тоа за едно деноноќие ќе почнат со блокирање и на Скопје.

Слично

Поврзани вести