Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците кои претрпеа штети од силното невреме да пријават

Земјоделците кои претрпеа штети од силното невреме да пријават

Владата на Република Македонија ја усвои информацијата за штетите врз земјоделски култури од невремето на 14 јуни во скопскиот, тетовскиот, велешко – светиниколскиот, кумановскиот, штипскиот и гевгелискиот регион.

Ресорното Министерство за земјоделство е задолжено да формира комисии коишто по поднесените барања од земјоделците ќе ја утврдат настаната штета. Рокот за поднесувње на барањата е од 19 до 30 јуни, а ќе се доставуваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Да потсетиме пред неколку дена имаше силно невреме проследено со паѓање на крупни зрна на град кои нанесоа штети на повеќе места. Токму затоа ќе се изврши проценка за да може да следи и соодветно надоместување.

Слично

Поврзани вести