Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците ќе може да аплицираат за субвенции до септември

Земјоделците ќе може да аплицираат за субвенции до септември

Владата, на денешната седница, го продолжи рокот за аплицирање на земјоделците, за за субвенции до 15 септември, наместо сегашниот рок кој истекуваше на 30 јуни. Со тоа, како што се вели во соопштението, Владата им излегува во пресрет на земјоделците кои поради необезбедени технички услови, не биле во можност да почнат со аплицирањето од 15 април годинава.

На седницата Влада усвоила измени и дополнувања на Програмата за финанасиска поддршка во земјоделството за 2017 година, со што ќе се овозможи обештетување на земјоделците кои имаат штети од поплавите во тетовско на почетокот на јуни годинава, како и за земјоделците кои претрпеа штети од пролетните мразеви 2016 и 2017 година.

Исто така Владата донесе одлука за измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка, со што се создадени услови да отпочне исплатата на субвенциите на тутунарите за минатата реколта.


Слично

Поврзани вести