Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците ќе добијат уште 10 милиони евра директна помош

Земјоделците ќе добијат уште 10 милиони евра директна помош

Владата на вчерашната седница донесе одлука за дополнителни субвенции за земјоделците во изност од 10 милиони евра кои ќе бидат доделени како директна помош.

Како што информира владината прес-служба, пред министрите беше и информацијата за очекувано производство и откуп на пченица и јачмен. Донесени се заклучоци со кои се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да изработи предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година и предлог Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за директни плаќања во земјоделството за 2017.

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби задолжение од Владата да изработи предлог за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделски производи во делот на одредбите кои го уредуваат пазарот на брашно, соопшти владината прес-служба.

Синоќа Владата даде согласност за распишување за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до три и над 3 хектари.

Слично

Поврзани вести