Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделци од Арачиново протестираат и бараат отштета за поплави од 2016 и 2018

Земјоделци од Арачиново протестираат и бараат отштета за поплави од 2016 и 2018

Земјоделците во Сингелиќ и Арачиново денеска протестираат, барајќи исплата на обештетување за поплавите во 2016 и 2018 година.

Со пароли како „Нема живот без земјоделство“, „И јас сум земјоделец“ и „Сакаме правда“, земјоделците од Арачиново и Сингелиќ бараат да бидат третирани со надомест на штета како и земјоделците од другите региони, пренесува ТВ21.

Овој протест доаѓа откако на 9 април тие протестираа пред Владата со барање  итно да го реши нивниот проблем. Но, од Владата засега нема никаква реакција и револтирани од ова, земјоделците денес започнаа со протести.


Слично

Поврзани вести