Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјиштето во касарната „Илинден“ прескапо за инвеститорите

Земјиштето во касарната „Илинден“ прескапо за инвеститорите
Пропадна третиот тендер за изградба на елитна населба на земјиштето на касарната „Илинден“, соопшти градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.На третиот оглас кој го распиша општината Карпош за продажба на земјиштето за изградба на станбени згради, куќи, комерцијални и деловни објекти, не се јавил ниту еден инвеститор. Според него, нема интерес за купување на ова земјиште поради високата цена, која изнесува 6.000 денари за квадратен метар. „Побарав од Министерството за транспорт и врски да се намали почетната цена, но добивме негативен одговор. Што ќе правиме понатаму, не знам, џабе да распишуваме тендер, кога никој нема интерес да купи ниту една парцела“, вели Јакимовски. На просторот на касарната „Илинден“, според Деталниот урбанистички план, предвидени се седум блокови со површина од 95 хектари. Предвидено е станбените згради да бидат високи до 80 метри, односно до 21 кат, додека комерцијално-деловните објекти би имале меѓу 9 и 21 кат. Во новата населба има предвидено маркички за семејни куќи, градинки, училишта, за факултет, болници, како и три маркички за амбасади.
Слично

Поврзани вести