Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едно евро за квадрат двор, ако не е поголем од 500 метри квадратни!

Едно евро за квадрат двор, ако не е поголем од 500 метри квадратни!
За едно евро ќе се откупува земјиштето во дворовите на легализираните семејни куќи, но само ако парцелата не е поголема од 500 метри квадратни. Ако парцелата е поголема, само оној дел кој поминува 500 метри квадратни државата ќе го продава по пазарна цена, односно со непосредба спогодба. Сепак, посочуваат надлежните, оваа земја ќе се продава само ако дозволува урбанистичкиот план. Со овие мерки, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе се излезе во пресрет на голем број семејства и стопанственици кои не можеа да се стекнат со сопственост на земјиштето на кое веќе имаат изградено објект. „Со овој процес, со давање една поволна цена, пред се за индивидуалните куќи, ќе се овозможи целосно затворање на циклусот за сопственост за земјиштето каде има нелегално изградени објекти.“ изјави министерот. Кога станува збор за дворовите околу легализирани индустриски објекти, цената за метар квадратен зависно од местоположбата чини 4 до 8 евра, појасни Јанакиески за време на промоцијата на новата владина мерка. За индустриските објекти нема ограничувања за квадратурата на парцелата. Околу 60.000 објекти досега се легализирани, истакна Јанакиески кој забележа дека во Агенцијата за катастар на недвижности се запишани 58.400 објекти од кои  586 се на правни лица.Сепак на решавање чекаат околу 300 илјади барања. Рокот за доставување елаборати за легализирање на објектите, во јуни 2014, нема да се поместува, дециден е Јанакиески.
Слично

Поврзани вести