Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјава ќе учествува во Доверителниот фонд на НАТО за справување со КОВИД-19

Земјава ќе учествува во Доверителниот фонд на НАТО за справување со КОВИД-19

Македонија ќе учествува во Доверителниот фонд на НАТО за справување со КОВИД-19.

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата КОВИД-19. 

За таа цел  го задолжи Министерството за финансии, согласно  можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата на Република Северна Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата КОВИД-19.

Во земјава денес има нови 102 позитивни на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести