Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈАТА НЕ СЕ СМИРУВА: Уште два послаби земјотреси ги потресоа гостиварци

ЗЕМЈАТА НЕ СЕ СМИРУВА: Уште два послаби земјотреси ги потресоа гостиварци

Податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар денеска регистрирале уште два земјотреси со јачина од 3,8 и 3,6 степени според Рихтер, во временски период од еден ипол час.

Првиот земјотрес е со јачина 3,8 степени и бил регистриран околу 12 часот на 18 километри југозападно од Гостивар.

Вториот околу 13 часот и 25 минути, бил 3,6 степени според Рихтер, а бил регистриран на 16 километри југозападно од градот.

Овие два потреси следуваат по првиот земјотрес кој беше почувствуван на цела територија на нашата држава, со јачина од 5 степени според Рихтер со епицентар во Леуново, во мавровскиот регион, на 15 километри од Гостивар.

Во 6:23 часот е почувствуван уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтершок по првиот удар.

Слично

Поврзани вести