Земја каде минималната плата скокна за 155 проценти
Во Венецуела ја зголемија минималната плата со 155 проценти до 1 милион боливари. Но, валутата за истото време изгубила 13% од вредноста во американските долари.
Се даваат и месечни купони во вредност од над 1,5 милиони боливари.
Промената ја соопшти лично претседателот Николас Мадуро само три недели пред изборите за шеф на државата.
Земјата со нафтени наоѓалишта и член на ОПЕК страда од лошо економско управување и премногу високи социјални програми за буџетот, кои се продолжение на латионамериканската верзија на популистички социјализам, создадена од покојниот генерал Хуго Чавез. Венецуела со години е во тешка економска криза и милиони преживуваат со неколку долари месечно, недостиг на храна, лекови и борба со рекордна инфлација.
Мадуро обвинува за „економската војна”, предводена според него од САД и локалната опозиција.
