Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земи-врати: Владата се задолжи за 62 милиони евра

Земи-врати: Владата се задолжи за 62 милиони евра
На една аукција на петгодишна обврзница и уште три аукции на државни записи државата денеска собра 62 милиони евра. Новото задолжување се случува во пресрет на утрешното раздолжување. Владата веќе утре,  по основ на доспеани записи во приватниот сектор ќе мора да  врати повторно 62 милиони евра. Денеска интересот за денешните аукции беше поголем од понудата, што според аналитичарите е показател дека  приватниот сектор своите слободните пари ги врзува за државни хартии од вредност со  и помалку ризични камати. Последните податоци заклучно со април покажуваат дека  по основ на хартии од вредност владата должи 927 милиони евра.
Слично

Поврзани вести