ЗЕМАЊЕ НА ГОЛЕМИ ДОЗИ ПАРАЦЕТАМОЛ: Беќаровски предупредува на нов „ТикТок“ предизвик
Доктор Нико Беќаровски предупредува за нов опасен „ТикТок“ предизвик со земање на големи дози на парацетамол кај младите. Труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови, пренесува Телма.
Дури и мали дози од 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. За оваа појава први укажаа лекарите од Швајцарија кон крајот на јануари годинава, вели Беќаровски, кога биле регистрирани неколку случаи кај малолетници.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вели дека пристапот кон Тик-ток ќе се следи како и со онлајн игрите на среќа.
„Доколку некоја појава од инцидент прераснува во пракса тогаш стои на располагање алатката за забрана“, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на тоа дали се разгледува можноста за забрана на платформата Тик-ток, на која најнов опасен предизвик за децата е „Парацетамол“.
Досега имаше и други опасни предизвици, кои го загрозуваат здравјето на младите.
