Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМАЛ ЗАЕМ ОД 25 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ДВА СТАНА - тешка измама во Тетово

ЗЕМАЛ ЗАЕМ ОД 25 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ДВА СТАНА - тешка измама во Тетово

Чуден случај на измама или уцена е пријавен во полициската станица во Тетово. 

Еден жител на градот пријавил во службите дека без негова согласност изгубил станови во Тетово и Охрид, откако претходно зел пари на заем со камата од двајца сограѓани, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Педесет и деветгодишникот синоќа во 19 часот пријавил дека од В.К., на возраст од 46 години, во присуство на С.С., 47-годишно лице, двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел парични средства со камата во износ од 25.000 евра.

- Според пријавеното, после тоа, во текот на изминатите години, сѐ до пријавувањето, за подмирување на камати и долгот, вкупно им исплатил повеќе од 150.000 евра, односно без негова согласност му биле продадени два стана - еден во Тетово и еден во Охрид, а кои ги ставил како гаранција со нотарски акт за долгот - појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Слично

Поврзани вести