Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМАЛ ПАРИ ОД ЛУЃЕТО ЛАЖЕЈЌИ ДЕКА НИВНИ БЛИСКИ СЕ ПОВРЕДЕНИ: Српската полиција уапси Македонец во Врање

ЗЕМАЛ ПАРИ ОД ЛУЃЕТО ЛАЖЕЈЌИ ДЕКА НИВНИ БЛИСКИ СЕ ПОВРЕДЕНИ: Српската полиција уапси Македонец во Врање

Во Србија е приведен лажен лекар од Македонија.

Српската полиција соопшти дека во Врање привела државјанин на Северна Македонија под сомнение за продолжено кривично дело измама.

Осомничениот С.К (1970) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Северна Македонија, и им кажал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени, со што ги довел во заблуда и подоцна отишол на нивни адреси и зел големи суми пари. За приведениот ќе биде поднесена кривична пријава.

Слични измами имаше и во Хрватска, за што беше уапсен македонски државјанин кој доведувал во заблуда постари луѓе. 

foto MUP Srbija

Слично

Поврзани вести