„ЗЕМАЈ, ГРАБАЈ КОЛКУ МОЖЕШ ДОДЕКА СИ НА ПОЗИЦИЈА, АКО ТЕ ФАТАТ ЌЕ СЕ СПОГОДИШ СО ОБВИНИТЕЛОТ“: Кекеновски со реакција за Мемети и Георгиев
Истиот тој вчера потпишал спогодба со обвинителството со кое признал дека земал мито и добил само условна казна.
Значи по којзнае кој пат пораката до јавноста е: ,,Земај, грабај колку можеш повеќе додека си на позиција, а ако те фатат ке се спогодиш со обвинителот, ке добиеш најмала можна казна и потоа слободно замини си во пензија''.
За воља на вистината малкумина од нив заминаа во пензија бидејќи благодарение на функцијата и сторениот (неказнет или благо казнет) арамилак од голтари преку мок станаа големи бизнисмени.
Ова ли е правда?.
Практиката на неказнивост продолжува и понатаму. До кога?
Нели сте свесни дека политичарите во спрега со судиите и обвинителите не ,,оголија' до гола кожа, не уништија и материјално и духовно.
Секојдневно ни ја рушат надежта дека на овој простор некогаш ке има правда.
Доста беше чекање. Потребен е итен и длабок рез“, напиша тој.
