ЗЕМААТ ДНЕВНИЦИ И ПАТНИ ТРОШОЦИ, АМА ПИЈАТ КАФЕ И ЛИМОНАДА - пратеникот Мартин Костовски покажа празни столчиња на неговите опозициски колеги
Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ вчера на својот фејсбук профил објави видео со празни столчиња во делот во собраниската сала каде што седат народните избраници од опозициската ВРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека ова е уште еден доказ колку тие не работат за државата, а се потпишале за да бидат евидентирани и да земаат дневници и патни трошоци.
Затоа, пратеникот Костовски сугерира дека треба да се промени Собранискиот деловник, односно кој не е на работното место, да не зема плата.
„Народе еве уште еден доказ колку Вмровците работат за државата
Потпишани за евиденција (ќе земат дневници и патни тришоци) ама НЕ РАБОТАТ, ПИЈАТ КАФЕ и ЛИМОНАДА.
Македонци анализирајте, цените и одлучите кој е искрен, а кој фолирант. Време е за промена на Деловникот. Ако не си на работно место, нема плата“, пишува Костовски.
Слично
