Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија, не сме вклучени во никакви спорови со Република Северна Македонија за прашања поврзани со таканаречениот компромис од јули 2022 година, изјави денеска бугарскиот премиер во заминување Росен Желјазков во Брисел кој учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан, јави бугарската агенција БГНЕС.
„Ова е паневропска позиција. Нашата позиција како земја членка е дека секоја земја кандидат за членство во Европската Унија, врз основа на сопствените заслуги, треба да биде оценета за својот напредок од страна на Унијата, а не од страна на поединечна земја членка“, додаде Желјазков.
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ги презема сите реформи за конечно започнување на преговорите. Како што вели, македонските граѓани заслужуваат да се во ЕУ.
