ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕЉАЗКОВ: Мицкоски треба да најде начин да се извини

ЖЕЉАЗКОВ: Мицкоски треба да најде начин да се извини

Бугарскиот премиер Росен Жељазков го прозва македонскиот колега Христијан Мицкоски  и рече дека треба да најде начин да се извини, откако вчера со бугарскиот министер за надворешни Георг Георгиев си разменија остри зборови. 

Бугарскиот премиер денеска порача дека ќе го остави наративот и изразувањето на премиерот Мицкоски на познавачите на старогрчкиот писател на басни Езоп.

Според него, многу луѓе во Бугарија не се задоволни од постигнатиот компромис во 2022-та година, но вели дека политичката зрелост бара да се спроведе она што е договорено.

„Ќе го оставам наративот и изразувањето на премиерот Мицкоски, на познавачите на Езоп. Нашата принципиелна позиција е дека Република Северна Македонија да се придржува до постигнатиот консензус од 2022 година и да ги исполни обврските кои што самата ги презела. Колегата Мицкоски треба да најде начин да се извини“, вели тој.

Георгиев вчера го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, но тој врати тоа тоа момче сака да привлече внимание. 

ad
Слично

Поврзани вести