Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕЉАЗКОВ: Kако мудра земја членка на ЕУ, со доза на воздржаност, ги контролираме емоциите во однос на закачките од Македонија

ЖЕЉАЗКОВ: Kако мудра земја членка на ЕУ, со доза на воздржаност, ги контролираме емоциите во однос на закачките од Македонија

Бугарија нема да поставува никакви поинакви услови за С.Македонија ниту, пак, ќе го претвори процесот во билатерален, изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков од Брисел коментирајќи ги македонските евроинтеграции, пренесува БГНЕС.

Жељазков денеска се сретна со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од кого, како што вели бугарскиот премиер, добил уверување дека Советот строго ќе се придржува до компромисот од 2022 година.

„Го замолив Кошта да им обрне внимание на колегите од РСМ дека говорот на омраза не помага во овој процес, вклучително и во заемниот дијалог меѓу двете земји, кој треба да се базира на Договорот за добрососедство“, вели бугарскиот премиер.

Според него, темата за идентитетот и јазикот во извештајот на Европскиот парламент е обид да се одвлече вниманието на јавноста во Бугарија и во Македонија од главното прашање за заштита на човековите права на Бугарите во Македонија.

„Ние, како мудра земја членка на Европската Унија, со доза на воздржаност, ги контролираме емоциите и реакциите во однос на тие закачки од нашите колеги од РСМ, кои можеби наоѓаат основа поради претстојните избори наесен таму“, кажа тој.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе се трудат да почнеме преговори со ЕУ, но не како „модерни“ Македонци. 

foto BGNES

Слично

Поврзани вести