ЖЕЉАЗКОВ: Целта на нашите пријатели од Македонија не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ
Бугарскиот премиер Росен Жељазков потсети дека Бугарија строго се придржува до декларацијата од мај 2022 година.
„Во оваа смисла, заштитата на правата на Бугарите во РСМ е од клучно значење за нас“, нагласи Жељазков.
Тој рече дека имал многу добар разговор со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
„Разговаравме за човекови права, европски вредности. Разговаравме за фактот дека јазикот
што го користат функционерите во двете земји треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си
дозволам една аналогија. Целта на нашите пријатели од РСМ не е да го преземат Вавилон, туку
да влезат во ЕУ, што се базира на критериумите за членство“, рече Жељазков.
Слично
