Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕЛЈАСКОВ НА СРЕДБА СО ЏАФЕРИ: И Бугарија направи компромиси, донесете ги уставните измени

ЖЕЛЈАСКОВ НА СРЕДБА СО ЏАФЕРИ: И Бугарија направи компромиси, донесете ги уставните измени

И Бугарија направи компромиси, донесете ги уставните измени, порачува 

претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјасков на средба со спикерот Талат Џафери. Тој  доаѓа во Скопје само еден месец пред да се одржи состанокот на ЕУ. Кажа дека иако уште нема мнозинство за уставни измени, тоа сепак е возможно до крајот на годината доколку надвладеел, како што рече, разумот кај македонските политичари.

Желјасков по средбата со порака дека со прифаќање на францускиот предлог компромис направила и Бугарија затоа што сакала побрзо да ја види Македонија како дел од Европската Унија. 

И македонскиот спикер Џафери вели дека средбата со колегата била во духот на добрососедството. 

За опозицијата средбата е протоколарна, а промена во ставот за уставни измени нема. Гостинот од Бугарија утрово се поклони и пред споменикот на револуционерот Гоце Делчев. За бугарските медиуми што ја следат неговата посета истакнал дека Делчев е заеднички херој и дека ваквите историски ликови треба да се почитуваат, а не да се присвојуваат. Желјасков го посети и Бугарскиот културен центар, а заедно со Џафери ја посетија и изложбата Сребрена Тракија. Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен претходно кажа дека уставните измени се неопходни. И претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот претходно кажа дека уставните измени се болни, но неопходни. 

Опозицијата е против уставните измени. Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по евроинтегративниот пат.  Претходно, Бугарија ставаше вето. 

фото Фејсбук/Талат Џафери

Слично

Поврзани вести