Железницата им даде вагони на „тигрите“ да вежбаат
Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ доби вагони од МЖ-Транспорт на кои ќе изведува вежбовни активности на својот полигон. Вагоните ќе се користат за симулација за решавање кризна ситуација.
Вакви реквизити единицата добива по 41 година. Вежбата денеска беше нареќена „ПЕРОН 192” во рамки на стрелиштето во касарната „Илинден“ во Скопје, кое претставува и база за подготовки.

„Имајќи го предвид значењето што го имаат специјалните единици на МВР во системот за безбедност на Република Северна Македонија, нивна заедничка карактеристика е потребата од специфични полигони за обука и вежби.
За таа цел, по примерот на европските полиции, беше неопходно да бидат поставени вагони кои би ја доловиле ситуацијата што поблиску до реалноста, а со чија помош припадниците на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР ќе можат практично да вежбаат за вакви ситуации“, објави МВР.

Министерот Оливер Спасовски додели плакети за благодарност на Македонски железници Транспорт, Македонски железници Инфраструктура, ФАКОМ Доо Скопје и РАПИДБИЛТ- Куманово.
