Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНО СВЕTЛО ОД ПРАТЕНИЦИТЕ: Венко Филипче нов министер за здравство

ЗЕЛЕНО СВЕTЛО ОД ПРАТЕНИЦИТЕ: Венко Филипче нов министер за здравство

Собранието денеска го прифати предлогот на Владата докторот Венко Филипче да биде избран за нов министер за здравство. 

62 пратеници гласаа „за“, еден беше воздржан, а против немаше. 

На седницата беа присутни  69 пратеници, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа.

Неврохирургот Филипче е советник за здравство на премиерот Зоран Заев, а беше советник и на претходниот министер Никола Тодоров, во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Јавноста го памети и како член на Професоркиот контра пленум, за што тој деновиве се правда дека не знаел што потпишува затоа што специјализант наводно му подметнал на потпише листа во која станува збор за реформи во Медицинскиот факултет.

Сега се пополнува местото на  Арбен Таравари, кој беше избран за градоначалник на Гостивар.

Во свечената изјава пред парламентот Филипче изјави дека функцијата министер за здравство ќе ја врши совесно,  одговорно и дека ќе го почитува Уставот и законите на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести