Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зелениот кров на „Мавровка“ ќе чини 45 милиони денари

Зелениот кров на „Мавровка“ ќе чини 45 милиони денари

Град Скопје за зелениот покрив на трговскиот центар „Мавровка“ ќе издвои 45 милиони денари. Ова е посочено во една од главните точки на денешната 74-та седница на Советот на Град Скопје.

„Советот на Град Скопје ќе расправа и за Предлог-Одлуката за давање донација на ДТЦ Мавровка, со која Град Скопје ќе го донира проектот и изведбата на новиот зелен покрив што ќе се прави на ДТЦ Мавровка. Донацијата се состои од реконструкција- изведба на зелен покрив, со фази во кои ќе бидат опфатени архитектурата и хортикултурата, како и електротехниката, а вредноста на истата се проценува на околу 45 милиони денари со вклучен ДДВ“, се вели во одлуката на дневен ред.

Трговскиот центар „Мавровка“ ќе го добие третиот и најголем зелен покрив во Скопје. Меморандумот за соработка за овој проект го потпишаа Градот Скопје, Општина Чаир и Здружението на корисници на деловниот простор во „Мавровка“.

По ГТЦ и зградата на Домот на градежници, ова ќе биде трет, но и најголем зелен покрив на вкупна површина од 4 000 квадратни метри на која ќе се засадат 40 различни видови садници.


Слично

Поврзани вести