Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНАТА БОЈА СЕ ВРАТИ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА, ПОРАСНА И МБИ 10 - еве каква е состојбата после вчерашното ценовно потонување

ЗЕЛЕНАТА БОЈА СЕ ВРАТИ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА, ПОРАСНА И МБИ 10 - еве каква е состојбата после вчерашното ценовно потонување

Зелената боја се врати на Македонската берза. Откако во петокот, а уште повеќе вчера, потонаа цените на речиси сите битни акции на македонските компании и банки, денеска бикот е повторно доминантен. Освен три компании каде што се уште има негативни движења кај цените на акциите, кај другите акции веќе се забележуваат позитивни вредности.

МБИ10 порасна за 0,8 проценти, пораснаа цените на акциите на Комерцијална банка, за 1,99 отсто, пиотоа на Алкалоид, за 1,07 отсто, на НЛБ Банка за 1,46 проценти, како и на Макпетрол, чии акции доживеаја нагорна линија од 0,88 отсто. 

А денеска, пак, како што пренесоа светските медиуми, пазарите во Азија и Европа, но и американските берзи го почнаа денот со позитивна нота, но се уште се далеку од вредностите што ги имаа пред објавувањето на тарифите на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Индексот S&P 500, кој собира стабилни и профитабилни компании, порасна за 3,3 отсто.

Технолошкиот индекс NASDAQ, во кој доминираат компаниите од високотехнолошкиот сектор, забележа раст од 3,6 отсто.

Индексот Dow Jones Industrial Average (DJIA), кој вклучува 30 водечки американски компании, исто така порасна за 3,3 отсто.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести