Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ДИРЕКТОРКАТА НА „ЛАЈКА“: „Повторно се спрема мрачна доба за правата на животните“

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ДИРЕКТОРКАТА НА „ЛАЈКА“: „Повторно се спрема мрачна доба за правата на животните“

Откако вчера од здружението за заштита на животните Анима Мунди реагираа на разрешувањето на директорката на „Лајка“, Радмила Пешева, се огласија и од Зелен Хуман Град.
„Повторно се спрема мрачна доба за правата на животните. Прво ги тргнаа сите активисти за заштита на животни од одборите на Лајка, а сега ја отпуштија и директорката на единственото претпријатие кое работеше во интерес на животните и луѓето.

Ја информираме јавноста дека ЗХГ заедно со активистите за заштита на животни нема да дозволи ново тероризирање на животните и ќе организира протести против секоја штетна одлука!“, објавија оттаму.



Слично

Поврзани вести