ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД СЕ НАДЕВА НА ГОЛЕМ БРОЈ СОВЕТНИЧКИ МЕСТА ВО ГРАД СКОПЈЕ: Имаме доста освоени гласови, но да почекаме-информира Петровска
Кандидатката за
градоначалник на Скопје од движењето Зелен Хуман Град, Ана Перовска, вечерва
соопшти дека процесот на трансформирање на Скопје во зелен хуман град е започна
и дека тие се веќе присутни и во институциите и надвор од нив.
-Уште порешително продолжуваме да влијаеме на сите оние процеси со цел Скопје да стане зелен хуман град. Премногу е рано за да можеме да кажеме какви било информации во однос на изборните резултату. Но, од она што пристигнува до нас, од нашите набљудувачи, имаме добра застапеност во смисла на процент на освоени гласови, што ќе значи голем број советници во Градот Скопје. Сепак, да почекаме до официјалните резултати, рече Петровска
Истовремено посочи дека се крајно незадоволни од начинот на кој беа организирани локалните избори, нагласувајќи дека од нивните набљудувачи натерен имаат информации за бројни нерегуларности, импровизации и несоодветно толкување на Изборниот законик.
Драгана Велковска, носителка на советничката листа на движењето Зелен Хуман град ги соопшти деталите.
-Имавме овластени претставници во три скопски општини, Аеродром, Центар и Карпош, и од нивните информации на избирачкото место 2600 во Општина Карпош, на нашиот претставник не му беше дозволено да влезе на избирачкото место. Затоа бевме приморани да носиме нов документ со печат и потпис за да биде присутен нашиот претставник при броењето на гласовите. Оттаму исто така добивме информации дека имало отпор на избирачкиот одбор и на нашите претставници не им било дозволено веднаш да ги гледаат гласачките ливчиња како што е уредено со изборниот законик. Прекинување на изборниот процес имаше на избирачкото место 2727 поради проблеми со апаратите за отпечаток, што значеше дека граѓани беа враќани, си заминуваа зошто мораа предолго да чекаат. Ова беше класична опструкција. Беше констатирано дека на сите избирачки места дури 50 отсто од уредите за отпечаток не функционираа, и беа приморани да бидат употребувани другите опции, но и на тој начин се создаваа непријатни ситуации. Имаше и смеејни гласања. Овие нерегуларности се случуваа во текот на целиот ден. Ова може силно да влијае врз легитимностс веродостојноста на изборните резултати, ќе ги искористиме сите правни механизми, а доколку е потребно ќе поднесеме и кривилни пријави, доколку имаме докази за злоупотреба на службената должност, нагласи Велковска.
А.Б.
