Зелен хуман град почна со собирање потписи за формирање на партија
Иницијативата „Зелен хуман град“ го почна процесот на собирање 1.000 потписи за да основа партија, а со цел полесно излегување на избори.
„Роковите се кратки, а принудени сме да формираме партија и да собереме потписи според строги законски правила за да имаме право да се кандидираме на избори и да продолжиме да се бориме. За воздух, за зеленило, за јавен интерес. За Скопје, какво што заслужуваме! ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка https://zhg.mk/potpisi/ Тие 30-тина минути што ќе ги одвоиш во наредните 10 дена, ќе значат дека наредните 4 години ЗХГ ќе продолжи да се бори за тебе. Ќе продолжи да носи зеленило, транспаретност, дигитализација, борба за заштита на животните и борба против луда урбанизација. Партијата е само алатка – борбата продолжува. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД останува она што отсекогаш бил – заедница на луѓе што се грижат. За градот. За луѓето. За животните. За иднината. Нема шефови. Нема скриени спонзори. Само луѓе. Како тебе. Како нас“, велат од Зелен хуман град.
Од „Зелен Хуман град“ потенцираат дека во изминатите 4 години, со само два советника од вкупно 45, успеале да постигнат неколку преседани.
Слично
