Економија, финансии, бизнис

Контакт

Желбата за кариерен развој и повисоки примања ги бркаат медицинските сестри од државата

Желбата за кариерен развој и повисоки примања ги бркаат медицинските сестри од државата

Медицинските сестри се кадар од кој Македонија има потреба. Но, во желбата за професионален развој и повисоки примања, се поголем е бројот на оние кои се одлучуваат да извадат билет во еден правец.

Ситуацијата во оваа професија е многу тешка. На денот на медицинските сестри оваа фела побара подобри услови за работа и поголеми плати.

Меѓу оние фели чиишто кадри особено се „ситнат“ е докторската, покажа регионалното истражување за миграција на здравствениот персонал во Македонија, Албанија, Србија и Косово спроведено од „Хелтгрупер“ во 2016 година.

Дека овие два фактора се важни за нивните размислувања да заминат во странство укажале 80% од анкетираните во Македонија. Меѓу другите причини се наведуваат политичката состојба, подреденоста и партизацијата.

Македонија се соочува со т.н. „бела чума“, незпирливо и во загрижувачки размери. Економистите предупредуваат дека доминантна категорија на оние што заминуваат се невработените млади што може негативно да влијае врз вкупната состојба на пазарот на трудот.

Ако сте од главниот град можеби ќе најдете работа веднаш по дипломирањето, но ако потекнувате од провинција тогаш работите одат малку потешко, посебно ако немате врски, партиска книшка или сте дете на некој „големец“, коментираат многумина од фелата на медицинските сестри.

Експертите пат коментираат дека ако продолжи овој тренд и доколку не се промени ситуацијата на подобро Македонија ќе остане без медицински кадар.

Слично

Поврзани вести