Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеколи Шаќири: За неколку месеци кампусот „Мајка Тереза“ ќе добие градежна дозвола

Зеколи Шаќири: За неколку месеци кампусот „Мајка Тереза“ ќе добие градежна дозвола

За неколку месеци Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе добие дозвола за градба на кампусот од Министерството за транспорт, рече заменик министерката Калтрина Зеколи-Шаќири во емисијата „КликПлус“ на ТВ21. 

Таа посочува дека тоа ќе биде модерен објект, каде, како што вели, ќе има спортски сали, базени и разни лаборатории кои се неопходни. Вчера од коалицијата ВЛЕН ја поздравија одлуката на Владата која даде зелено светло за почеток на процедурите за изградба на универзитетскиот кампус, четиригодишен проект вреден 34,5 милиони евра.

„Ние како министерство и јас лично како Калтрина бевме многу вклучени во забрзувањето на доделувањето на дозволата. Има технички проблеми со проектантот што ги решивме за многу кратко време, ќе ги исправат“, рече Калтрина Зеколи-Шаќири.

Првиот вицепремиер Изет Меџити за кампусот вели дека средствата ги обезбедило Министерството за образование, а согласност дало Министерството за финансии. Тој додаде дека проектот е готов и ќе се реализира во рок од 2-3 години.

„Тендерот ќе биде неколкугодишен бидејќи е проект кој не може да се реализира занеколку месеци, најверојатно ќе трае неколку години, деновиве се очекува да се добие градежната дозвола од Министерството за транспорт, така што проектот е готов, во моментот кога ќе се добие градежната дозвола има владина одлука за финансирање и е отворена процедурата за тендер и за избор на оператор и за поставување на камен-темелник. Сигурно ќе бидат презентирани и роковите за реализација на проектот“, изјави Меџити.

Инаку, Универзитетот „Мајка Тереза“ од минатата година работи во поранешната касарна „Илинден“ во Скопје, а се соочува со недостиг на простори за предавања, лаборатории и административни канцеларии. 

Слично

Поврзани вести