Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕКОЛИ ДО МИЦКОСКИ: Не губи време со вмровците на Заев

ЗЕКОЛИ ДО МИЦКОСКИ: Не губи време со вмровците на Заев

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи излезе со три препораки до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Зеколи на својот фејсбук профил напиша три негови препораки до Мицкоски.

„Прво, отфрли го токенизмот на Заев и Американците за именување манекени Албанци, Турци, Срби во партијата. Гледаме во САД што фајде од тоа. Биди македонска партија, не се потресувај од обвинувањата за национализам. Што друго очекуваш од шовинисти? Комплименти?

Второ, отвори суштинска дебата за односите меѓу Албанците и Македонците, со фокус на социјала и економија како врзивни точки. Но по нови стандарди, не според салонските шеми и без странски фондации. Твоето поле не се конференциите, туку средната класа, млада интелектуала, мал-бизнис.

Трето, не губи време на вмровците на Заев. Туку земи ги и претстави ги како прототип на декаденцијата и заморот на колонијалната манипулација. Нивната колективизација во СДСМ е позитивен чекор на чистка на организмот од гнојот и збирштина во чир кој сам од себе ќе прсне“, пишува во својот статус Арсим Зеколи.

Слично

Поврзани вести