Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеќир Рамчиловиќ откако не успеа: Не сум избран за пратеник, но ќе продолжам да работам за коалицијата „Можеме“

Зеќир Рамчиловиќ откако не успеа: Не сум избран за пратеник, но ќе продолжам да работам за коалицијата „Можеме“

Зеќир Рамчиловиќ, еден од осумтемината пратеници кои се одметнаа од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да се изгласа Преспанскиот договор, не успеа да влезе меѓу пратениците во новопроектираниот состав на Собранието по парламентарните избори.

Рамчиловиќ се најде на една од кандидатските листи за пратеници како дел од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. Рамчиловиќ објави дека и понатаму ќе работи со оваа коалиција иако не станал народен избраник.

„Почитувани пријатели,
сакам најпрвин да го изразам своето задоволство од беспрекорно спроведените избори, за што најголема заслуга имате вие драги сограѓани, пред се вие кои го искористивте вашето гласачко право.
Драги мои, ви благодарам за поддршката што ни ја дадовте, Коалицијата #МОЖЕМЕ и СДСМ ќе продолжи да работи посветено во интерес на граѓаните и државата со што ќе ја оправдаме вашата доверба.

Победивме во најголем број општини и населени места, но особено се радувам што победивме во сите места во кои живее мнозинско бошњачко население и ви благодарам драги мои Бошњаци, а моето Коњари е носител на таа победа и подршка од Бошњаците. Благодарност и до моите сограѓани од Општина Петровец.
И покрај тоа што во овој момент не сум избран за пратеник во Собранието важно е што сум дел од победничката Коалиција „Можеме“ со која ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните.
Можеме уште повеќе и уште подобро“, објави Рамчиловиќ на Фејсбук.

Тој беше дел од Независната пратеничка група која продолжи да делува самостојно откако сите членови беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, а во 2019 стана потпретседател на Собранието на РСМ.

Слично

Поврзани вести