Зекири за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците, само без Груевски
Пратеникот Мухамед Зеќири од редовите на СДСМ не верува во најавите на лидерот Никола Груевски дека неговата партија ќе продолжи да биде партнер на Албанците во Македонија дадена на вчерашната прослава на 27-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ.
- Груевски најавил нов однос кон Албанците и странците цццц. Нов однос кон Албанците може да има нов лидер и ново ВМРО, а не ова на чело со тебе. Албанците многу добро знаат кој си ти и твојата партија. А странците те поздравуваат со манифестот што го читаше пред ДИК на „ноќта на долгите ножеви“, напиша Зеќири на својот Фејсбук профил.
Слично
