Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зекири за инцидентот со знамето: Срамен чин кој му служи само на режимот на Груевски и никому друг

Зекири за инцидентот со знамето: Срамен чин кој му служи само на режимот на Груевски и никому друг

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири, на својот Фејсбук профил даде свое видување за инцидентот со Куманово кога во центарот на градот беше симнато македонското знаме.

„Како пратеник од ИЕ 2 каде фигурира и Куманово, сакам да им се обратам на сите граѓани и да кажам дека ова што се случи денеска во овој град е срамен чин кој му служи само на режимот на Груевски и никому друг.

Ги повикувам сите граѓани од овој град без разлика на нивната етничка припадност за смиреност и да покажеме дека најважно за сите нас е добросостојбата и соживотот во него и Македонија. Тоа е најдобриот одговор кој ќе им го дадеме на хушкашите кој се обидуваат да ги спасат криминалците. Криминалците на чело со Груевски ќе одговараат, не дозволувајте да станете дел од било какво сценарио и обид за спасување на криминалците“, напиша Зеќири.


Слично

Поврзани вести