Зекири: Време е за пензионирање и одговорност
Веднаш по официјалното прогласувањето на конечните резултати по полноќ по првиот круг од претседателските избори со кои Стево Пендаровски оствари предност во однос на Гордана Силјановска од 4.358 гласа, потпретседатеот на СДСМ победата ја окарактеризира како пирова.
„Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!!
Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река!!!
Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!!
Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ!“, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.
Главна тема на социјалните мрежи синоќа беа изгледите од малиот ефект на ДУИ во победата на Пендаровски како коалиционен владин партнер на СДСМ, но и растот на незадоволството од актуелната власт и воопшто на резервираноста да се гласа.
