Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зекири: Мицкоски е свесен дека Владата влегува во економски поход

Зекири: Мицкоски е свесен дека Владата влегува во економски поход

Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бара предвремени парламентарни избори бидејќи е свесен дека претстои, како што вели пратеникот, економски поход на Владата.

„Прво ни самиот не е свесен, ниту сигурен колку од пратениците од неговата партија би гласале за распуштање на Собранието. Тој продолжува да влече потези кои се од теснопартиски побуди, а воопшто не размислува државнички. Второ, тој е сосема свесен дека Владата влегува во економски поход и дека за нас најважни се интересите на граѓаните, а не антизападните интереси на Мицкоски. СДСМ е партија која на Македонија и донесе државнички историски успех и поради тоа ќе однесе голема победа на претседателските избори и на парламентарните, кога и да се одржат истите“, изјави Зекири за Дојче Веле.

Инаку синоќа извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука пратеничката група денеска во Собранието да побара оставка од премиерот Зоран Заев. Мицкоски рече дека е одлучено да се инсистира на 100 дена техничка влада пред заедничките предвремени парламентарни и претседателски избори.

Слично

Поврзани вести