Зеќири: Ќе ги повлечам амандманите ако Владата прифати да штеди!
Пратеникот Изет Зеќири од НДП, кој поединечно поднесе најмногу амандмани за Буџетот, дури 400 вели дека повлекувањето на амандманите доаѓа предвид само доколку се оствари реална и суштинска дебата и се разбира, да се прифатат плановите за штедење.
„Ставрески ќе даде несериозен предлог. Ќе ги прифати амандманите што се вклопуваат во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се предлагаат фонтани, тениски игралишта и слично. Ќе барам моите амандмани да се разгледаат комисиски, а би ги повлекол само ако за нив се расправа на експертско ниво и ако на лидерската средба се решат отворените прашања за буџетот“, вели Зеќири
Слично
